НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАГУБИМЕ УШТЕ ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА Османи се надева спорот со Бугарија нема да стане налик грчкото сценарио
Министерот го оцени како „подвижна мета“ барањето на Бугарија, а додаде и дека сосема различни прашања биле од тие во месец октомври.
Се надевам дека спорот кој го имаме со Бугарија нема да стане налик грчкото сценарио, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „Клик Плус“.
– Не можеме да си дозволиме да изгубиме уште една генерација. Ова да не стане замрзнат спор. Затоа јас наметнувам тензија на кратки рокови, затоа што сметам дека не треба да падне притисокот во Скопје, Софија и ЕУ, вели министерот за надворешни работи Османи.
Тој појаснува дека тоа што го бара бугарскиот премиер Кирил Петков е Меѓувладина комисија, што и веќе е заведено во Договорот за добрососедство.
– Работните групи се налик на комисијата, каде што речиси сите министри ќе бидат вклучени, од сите процеси и ресори. Според Договорот и треба еднаш годишно да се среќаваме – потенцира Османи.
Министерот го оцени како „подвижна мета“ барањето на Бугарија, а додаде и дека сосема различни прашања биле од тие во месец октомври.
– Реално ова е подвижна мета, во текот на целиот овој период во однос на тоа што точно се бара. Сосема различни прашања беа кога отидов јас во октомври во Софија, на мојата прва посета откако станав министер – порача Османи.