НЕ СМЕ ПАРЧЕ МРАЗ ТУКУ ГОРДА НАЦИЈА Гренланд возврати откако Трамп го отвори старото прашање

Ние не сме некое парче мраз. Ние сме горда популација од 57.000 луѓе кои секој ден работат како примерни граѓани на светот со целосно почитување кон сите наши сојузници, рече премиерот на Гренланд реагирајќи на изјавата на шефот на САД.

18

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска изјави дека тој претставува горда нација која тежи кон одржување на глобалниот поредок и му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека таа земја „не е некое парче мраз“.

– Ние не сме некое парче мраз. Ние сме горда популација од 57.000 луѓе кои секој ден работат како примерни граѓани на светот со целосно почитување кон сите наши сојузници – рече Нилсен реагирајќи на изјавата на Трамп дека кога мисли на Гренланд – мисли на „големо, лошо управувано парче мраз“.






Нилсен истакна дека за Гренланд е важно да се зачува одбранбениот сојуз како светска заедница каде што се почитува меѓународното право.

– Тие нешта сега се доведуваат во прашање и мислам дека сите сојузници би требало да се обединат за да се обидат да ги одржат. Се надевам дека тоа ќе се случи – додаде премиерот на Гренланд.

 

Поврзани содржини