НЕ СИТЕ ПАТИШТА ЗА ИЛИНДЕН ВОДАТ КОН КРУШЕВО Избегнувајте ја оваа делница ако за 2 Август одите на Мечкин камен

Од МВР велат граѓаните да го избегнуваат регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп - Крушево, поради што истиот поради санација е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.

409

Како и секоја година, така и оваа се очекува голем број наши граѓани да го посетат Крушево по повод 2-ри Август. Па поради тоа МВР ги информира сите оние граѓаните кои сакаат да присуствуваат на прославата и патиштата по кои може да се движат.

Од МВР велат граѓаните да го избегнуваат регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, поради што истиот поради санација е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.






Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево за доаѓање на манифестација во Крушево на ден 01 и 02.08.2024 година треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево“, велат од министерството.

Поврзани содржини