НЕ ШТИТАМ НИКОГО Џафери им одговори на семејствата на загинатите во страотната сообраќајка во Бугарија

338

Претседателот на Собранието Талат Џафери тврди дека со одлуката да ја откаже седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните што ја закажал нејзиниот претседател Халил Снопче, а на чиј дневен ред имаше точки за состојбите во Министерството за одбрана, за пожарот во модуларната болница и за автобуската несреќа во Бугарија, не штити никого, туку таквата одлука ја донел затоа што нејзиното закажување не било деловничко.

– Талат Џафери, како човек, пратеник или претседател на Собранието, ниту штити, ниту ќе штити некого за кого надлежните органи и институции ќе констатираат дека имаат одговорност за случувањата на тие два настани. За двата случаја за двете точки е надлежност на други институции кои се во постапка. И едното и другото се во судска процедура во истражна процедура – рече Џафери.

 






Тој ја искористи приликата да им се извини на граѓаните, роднини на жртвите во двата настана.

– Им се извинувам за чувства и незараснатите рани кои се активираа да крвават повторно се со цел за дневна политика и дневно политички поени, се злоупотребуваат емоциите и потребата тие да ја знаат вистината. Ја разбирам нивната реакција – рече Џафери.

Вчера пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија Халил Снопче го обини Џафери дека незаконски и неделовнички ја откажал седницата на оваа Комисија. Со писмо, семејствата на загинатите во сообраќајката, истакнаа дека Џафери со овој чин им создал дополнителна болка.

Поврзани содржини