НЕ СЕ ЗАДРЖА НИТУ ДВА МЕСЕЦА НА ФУНКЦИЈАТА Мирсад Црновршанин не е веќе директор на ЕСМ продажба

За нов директор е назначен Златко Пиперковски, поранешен директор на РЕК Осломеј, разрешен од таа функција пред една година.

363

ЕСМ го разреши Мирсад Црновршанин од диркеторската позиција на подружницата ЕСМ продажба преку која се увезува електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја. Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ продажба беше именуван на 1 септември со мандат од една година.

За нов директор е назначен Златко Пиперковски, поранешен директор на РЕК Осломеј, разрешен од таа функција пред една година.






Досега како директори на ЕСМ продажба се сменети четворица директори – на оваа позиција беа и Александар Обрадовиќ, поранешниот советник на поранешниот премиер Зоран Заев, Синиша Ивановски, поранешниот директор на ЕЛЕМ трејд.

 

Поврзани содржини