НЕ СЕ ВОЗИ ОД ТЕТОВО ДО ШАПКА Забрана за сообраќај за камиони и автобуси

215

Поради обилни врнежи од снег од 10:10 часот денеска е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од вчера попладнево воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила и на превојот Пресека и на патните правци Гостивар – Стража и Крак Маврово – Дебар.






Како што соопшти АМСМ, на останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози. На повисоките места има кашест снег на коловозите по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат во западните делови од државата врне снег, а во останатите делови врне дожд.

 

Поврзани содржини