Не се сите лоши ученици навистина лоши, некои од нив се Леонардо да Винчи
Проф. д-р Татјана Черниговска, невробиолог и врвен научник, во своето предавање „Како да го научиме мозокот да учи“ зборува за тоа зошто момчињата и девојчињата учат на различни начини и за тајните што ќе го направат процесот на учење полесен и поразбирлив.
Современите родители започнуваат со развој на нивните малечки буквално од пелени, но се покажа дека тоа не е баш правилно. Многу е поважно добро да ги искористиме ресурсите што ги имаме. Психолингвист, невробиолог, професор на Државниот универзитет во Санкт Петербург, гостин предавач на американски и водечки западни универзитети, врвната научничка Татјана Владимировна Черниговска во своето предавање „Како да се научи мозокот да учи“ зборува за тоа зошто момчињата и девојчињата учат на различни начини и за тајните на процесот што го прават учењето полесно и поразбирливо.
Многу е важно децата да започнат да учат на време. Главната мака на денешното дете е во суетните родители. Кога ќе ми речат: „Почнав да го учам син ми да чита на две години“, одговарам: „Глупост!“ Зошто? На две години, тој не може да го стори тоа. Неговиот мозок не е подготвен за тоа. Ако го издресирате, се разбира, ќе чита, можеби дури и ќе пишува, но тоа не е нашата задача.
Брзината на развој кај децата е многу неизедначена. Постои термин „возраст на зрелост за училиште“. Станува збор за ова: едно дете има седум години, и друго дете има седум години, но едното оди на училиште затоа што мозокот му е подготвен за тоа, а другото треба уште една година да си игра дома со мечето и дури потоа да седне во училишната клупа.
Според официјалните податоци, повеќе од 40% од нашите деца имаат потешкотии со читањето и пишувањето кога ќе завршат четврто одделение. Дури и во седмо одделение има ученици кои слабо читаат. Кај ваквите деца целиот когнитивен капацитет на мозокот се троши на совладување на буквите. Затоа, дури и кога го чита текстот, детето не го разбира неговото значење и секое прашање поврзано со темата само го збунува.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pexels