НЕ СЕ ПРЕЗЕМААТ МЕРКИ ПРОТИВ ГОЛЕМА КАШЛИЦА Родителите да не чекаат на државата и да ги вакцинираат децата, апелира ВМРО-ДПМНЕ
„Додека надлежните институции, кои се во длабок сон, навремено не ги презедоа потребните мерки во оваа прилика упатуваме апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, зашто вакцините се безбедни и спасуваат животи“ – се вели во соопштението на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Не се преземаат мерки за големата кашлица – има политички игри кои се поважни од заштитата на здравјето на граѓаните, оцени Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Ковид-пандемијата не беше доволна лекција за неспособната власт на СДСМ и ДУИ која и денес не води сметка за грижата за специјалистичкиот кадар. И денес во Македонија има сериозен недостиг на инфектолози и епидемиолози.
Оттука сосема легитимно се поставуваат прашањата: дали Клиниката за инфективни болести во Скопје и сите инфективни одделенија ширум државата се подготвени за нова евентуална епидемија? Колку доктори се упатени за специјализација во овие специјалности во последниве неколку години? Зошто не се инвестира ниту во кадарот на вакциналните пунктови, во поликлиниките и генерално кадарот што работи на превентивна здравствена заштита?
Власта единствено затвори одделенија за инфективни болести, а во оние што функционираат ништо или недоволно е инвестирано.
Додека надлежните институции, кои се во длабок сон, навремено не ги презедоа потребните мерки, во оваа прилика упатуваме апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, зашто вакцините се безбедни и спасуваат животи“ – се вели во соопштението на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.