🎥 НЕ СЕ ГЛЕДА ПРСТ ПРЕД ГОЛО ОКО Невреме ги погоди Словенија, Хрватска и Србија

Како што може да се види на страницата на Инстаграм „Хаилз Србија“, бурниот ветар крева прашина и ретко што може да се види на патот.

2,102

Силно невреме, од Хрватска и од Словенија, попладнето околу 15 часот пристигна и во Србија, објави српски Мондо. Засега врне поретко, а невремето е пропратено со грмежи кои се прошируваат и во останатите делови од Србија и постепено се засилуваат.

Како што може да се види на страницата на Инстаграм „Хаилз Србија“, бурниот ветар крева прашина и ретко што може да се види на патот. Видливоста е намалена на речиси 0 метри во многу делови на Војводина. Снимката е направена во Руски Крстур.






Во Белград во моментов дува силен ветар со слаб дожд кој ќе се засилува во наредните часови.

Според најавите, невремето најпрвин ќе стигне до самиот север на Србија, па постепено ќе го зафати и остатокот од Србија.

Во Словенија, пак, тамошната Агенција за животна средина издаде портокалово предупредување за југозападниот и за централниот дел на земјата поради силниот ветар. Портокалово предупредување е издадено за јужниот дел од земјата поради снежни услови. Температурите паднаа, а на места, како и во Хрватска, и за повеќе од 10 степени Целзиусови.

Заладувањето од североисток напредува кон западниот дел на земјата. Дува силен североисточен ветар. Во северна Словенија почна да се развива невреме, а врнежите ќе се интензивираат во следните неколку часа, пишува Агенцијата за животна средина, а пренесува порталот Н1.

„Во појасот од Горењска до Корушка се очекуваат врнежи од 30 до 60 милиметри. На повисоките места, над околу 800 метри, може да наврнат околу 20 сантиметри снег“, соопшти Агенцијата за животна средина на Република Словенија.

 

Во Хрватска паѓаа дрвја, а снегот ги изненади Далмација, Осиек, Загорје и Шибеник.  Наглиот пад на температурата во Загорје донесе снег, а во исто време во 15 часот во Шибеник изнесуваше 25 степени Целзиусови. Според хрватскиот портал 24сата, температурата вчера била 30 степени Целзиусови за да надојде снегот денес.

„Нестабилно и постудено од просекот е кон средината на април. Променливо и претежно облачно на копното, а на Јадранот променливо сончево. Во првиот дел од денот, дожд на исток, врнежи и грмежи во Далмација. Попладне можни се локални врнежи од дожд во внатрешноста и во северниот дел на Јадранот, а во Горска Хрватска паѓа снег и дува умерен ветар од северен правец“, прогнозираат од хрватската метеоролошка служба ДХМЗ.

Со дрвјата се бореше и противпожарната служба на градот Осиек. Гранки, кои, како што известија, паднале врз автомобили.

Поврзани содржини