„НЕ САМО СОСЕДИ, ТУКУ И СОЈУЗНИЦИ“ Курти му честиташе на Мицкоски за функцијата премиер

Од патот Призрен-Тетово, до одбраната и безбедноста, со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи, вели косовскиот премиер во честитката до својот македонски колега.

462

Косовскиот премиер, Албин Курти упати честитка за изборот на Христијан Мицкоски за претседател на македонската Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на владината прес-служба, Курти во честитката нагласил дека Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку и „сојузници и блиски партнери во НАТО-ориентацијата, регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија“.






„Од патот Призрен-Тетово, до одбраната и безбедноста, со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи“, порача Курти.

Поврзани содржини