НЕ САКАМЕ МАЈМУН ШТО ВОЗИ МОТОР, АНАКОНДА И КРОКОДИЛ Љубителите на животните против циркусот во „Парк“ во Струмица
МВР Струмица незаконски дала одобрување на настан кој е забранет уште пред 10 години, ама само на хартија. Ова го тврди организација која се вика Animal Lovers Strumica Rescue organization in North Macedonia. Реакцијата ја потпишала претседателката Наталија Иванова.
Лица од циркусот продаваат карти и е резервирана сала во „Парк“- Струмица, за настанот кој вклучува мајмун што вози мотор, анаконда и крокодил.
Според Законот за заштита и благосостојба на животните, член 4, Став 12, Забрането е користење на диви животни во циркуски и слични претстави уште во 2013 година.
„Со вакви дела, институциите уште еднаш го покажа непознавање за законите кои тие треба да ги спроведуваат.
Бараме од МВР и АХВ веднаш да стават стоп за овој настан во Струмица. Доколку има поднесено барање за настан и во други градови во РС. Македонија, да бидат спречени на време“, пишува Иванова.