НЕ РЕКОЛ ПОЛТРОНИ, НЕ РЕКОЛ ЌЕ ЦВИКААТ, АМА РЕЧЕ ЌЕ „КВИЦКААТ“? Ковачевски нема доблест пристојно да им се извини на медиумите

Не е точно, бидејќи ако ја погледнете изјавата, јас кажав дека до 2016 тоа се случувало и не би сакал да видиме време кога повторно тоа ќе се случува. Така што, ако ја погледнете целата изјава, а таа е снимена, тогаш е многу јасно што јас имам кажано – рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на кои медиумски куќи мислел кога кажал дека „во подрум ќе цвикаат и ќе чекаат СДСМ да ги вади“.

744

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски денеска негираше дека ги нарекол медиумите „полтрони“ и уште еднаш се извини за кажаното на 19 февруари, по отворањето на партискиот штаб во Кисела Вода.

Тој истакна и дека ги прифаќа сите реакции, и од здруженијата на новинарите и од другите институции.






– Тоа што вие го кажавте, јас не сум го кажал така. Ги прифаќам сите реакции, и од здруженијата на новинарите и од другите институции, и на самиот настан кажав дека сум веднаш подготвен да се извинам. Се извинив и на самиот настан, еве извинување и денес – рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање како ги коментира реакциите од новинарските здруженија откако медиумите на некој начин ги нарекол „полтрони“.

На прашањето дали денешното извинување е искрено, Ковачевски одговори потврдно.

– Да, да, искрено. Имав долг разговор и со претседателот на ЗНМ во неколку наврати, бидејќи тој е најдобриот сведок на тоа што се случуваше до 2016 година – истакна Ковачевски.

На новинарко прашање на кои медиумски куќи мислел кога кажал дека „во подрум ќе цвикаат и ќе чекаат СДСМ да ги вади“, Ковачевски негираше дека така рекол.

– Не е точно, бидејќи ако ја погледнете изјавата, јас кажав дека до 2016 тоа се случувало и не би сакал да видиме време кога повторно тоа ќе се случува. Така што, ако ја погледнете целата изјава, а таа е снимена, тогаш е многу јасно што јас имам кажано – рече Ковачевски.

На линкот подолу може да се прочита и да се види целата изјава на лидерот на СДСМ, која предизвика лавина реакции и револт од медиуми, партии, државни органи и здруженија на новинари:

🎥 КОВАЧЕВСКИ ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА НОВИНАРИТЕ: „ПАК ЌЕ КВИЦКАТЕ ПО ПОДРУМИ!“ ЕУ и меѓународните фактори мора да реагираат на ова заплашување, вели ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани содржини