Не работи ништо, има 3.000 клиенти, а еве што нуди за 80 евра по ангажман!

Можеби мислите дека тоа е целосна глупост, но тој има илјадници клиенти и огромен број следбеници на социјалните мрежи.

769

Соџи Моримото (37) од Јапонија заработува сериозни пари, а не работи ништо! Ако се прашувате како, овој човек дошол на идеја да се изнајмува и да не направи ништо друго освен „да пие, јаде и да дава едноставни одговори“ по цена од 80 евра по ангажман.

Можеби мислите дека тоа е целосна глупост, но тој има илјадници клиенти и огромен број следбеници на социјалните мрежи.






Првпат започна да се изнајмува во јуни 2018 година, кога на Твитер напиша: „Се нудам за изнајмување, не правам ништо. Дали ви е тешко да одите сам во продавница? Дали ви недостасува некој играч да игра игри? Дали ви треба некој да ве поштеди? Не можам да направам ништо друго освен едноставни работи“, напишал тој.

Тој првично ги нудеше своите услуги бесплатно, но сега им наплатува и има три или четири клиенти на ден, а досега имал повеќе од 3.000 клиенти.

Луѓето, вели тој, го повикуваат од разни причини, но повеќето се осамени или им е досадно и им треба некој да ги сослуша. Така, на пример, го ангажираат да оди на ручек со некого, да се фотографира, понекогаш тој им прави друштво на луѓето кога одат да предадат документи за развод, брка пеперутки во паркот, ги слуша здравствените работници кои се под стрес поради работата.

– Јас не сум пријател или познаник, но тука сум за да им го олеснам чувството на осаменост кај луѓето. Кога некој ќе се обиде да стори нешто, мислам дека најдобриот начин да ги поддржам е да бидам само таму за нив – вели Моримото.

Патем, пред ова тој работел во издаваштво, каде поднел оставка со цел да започне нова, необична кариера.

Поврзани содржини