НЕ РАБОТЕЛЕ СЕМАФОРИТЕ, ПА СУДАРОТ БИЛ НЕИЗБЕЖЕН Страшни сцени по железничката несреќа во Грција, бројот на загинати ќе се зголемува (ВИДЕО)
Како што објавија грчките медиуми, во потрагата учествуваат и кучиња-трагачи, но се стравува дека ќе се зголеми бројот на жртвите, бидејќи сцените се страшни.
Дронови надлетуваат над местото на сударот и трагаат по преживеани лица во урнатините, а огромен кран со внимателни движења ги отстранува остатоците од вагоните. Ова се случува во моментов кај грчкиот град Лариса, кога ноќеска се судрија товарен и патнички воз, а загинаа најмалку 32 лица.
Како што објавија грчките медиуми, во потрагата учествуваат и кучиња-трагачи, но се стравува дека ќе се зголеми бројот на жртвите, бидејќи сцените се страшни.
Голем број повредени се пренесени во болницата во Лариса, а повеќето загинати се студенти.
Но, прашањето на кое засега никој нема одговор гласи: Како е можно двата возови да завршат на иста пруга?
Медиумите проценуваат дека не биле завртени клучевите, преку кои механички се регулира минувањето на возовите на клучките, со што двата воза се испратиле на иста линија.
Шефот на машиновозачите во Грчката железница, Костас Генидунијас, во изјава за грчкиот медиум Прототема рекол дека трагедијата би можела да се избегне доколку функционирала светлосната сигнализација.
– Во последниве неколку години, неколку пати се јавувавме да пријавиме дека електронските системи не работат. Ако светлата работеа, возачите ќе ги видеа црвените сигнали и ќе застанеа – изјавил Генидунијас.
«Το κράτος έχει αφήσει τα #τρενα χωρίς συστήματα ασφαλείας,χωρίς φανάρια.Μέσω ασύρματων γίνεται η ενημερωση των μηχανοδηγών.Τα έχουμε καταγγείλει όλα έχουμε κάνει απεργίες,έχουμε στειλει εξώδικα»
Ανατριχιαστική καταγγελία του Προέδρου μηχανοδηγών Κ.Γενιδουνια.#Τεμπη #Λαρισα pic.twitter.com/2AMMGw0UM5— Marka2‼️ (@Marka2free) March 1, 2023