Не работат тоалетите на Кожната клиника, лекарите и сестрите цел ден „стискаат“ (ФОТО)

Како што може да се види од фотографиите, тоалетите на Кожната клиника се реновираат, а сиот градежен шут и старите тоалетни школки се извадени во ходниците каде што чекаат пациенти за прегледи.

332

Веќе три дена на Кожната клиника во Скопје не работат тоалетите ниту за медицинскиот персонал, ниту за пациентите. Ако не успеат да искористат тоалет на некоја друга клиника, лекарите и сестрите мора да се воздржуваат за цело работно време. А тоалети нема ниту за пациентите.

Како што може да се види од фотографиите, тоалетите на Кожната клиника се реновираат, а сиот градежен шут и старите тоалетни школки се извадени во ходниците каде што чекаат пациенти за прегледи.






Директорката на Кожната клиника, Сузана Николовска, за Плусинфо вели дека мајсторите поправиле еден тоалет, но дека сега тој го користат и пациентите и лекарите.

– Зградата е стара и имаше проблем со канализацијата, но викнавме мајстори и го средуваат проблемот. Таму има два тоалета со две врати, едното е за персоналот, а другото е за пациентите. Но, мајсторите најпрво го поправаа едното, а потоа и другото. Знам дека не е правилно лекарите и пациентите да користат ист тоалет, но решивме да издржиме два дена во такви услови. Јас предложив да повикаме Санитарна инспекција поради немањето услови за работа, но поради тоа што навистина немаме каде да работиме, сепак на крајот одлучивме да се приспособиме и да останеме на работа. Тука сме само поради пациентите, инаку сите ќе си заминевме дома – изјави Николовска.

И покрај тоа што го вели директорката, пациентите тврдат дека ниту еден тоалет и денеска не работи.


Поврзани содржини