„НЕ ПРАВЕТЕ НЕПРОМИСЛЕН ПОТЕГ КОЈ НЕ НОСИ МИР“ Израел и САД ја предупредија Франција да не ја признава независноста на Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон, нарекувајќи ја „чин што наградува терор“.

1,000

Соединетите Американски Држави и Израел остро го критикуваа францускиот претседател Емануел Макрон, откако тој објави дека Франција има намера да ја признае државата Палестина.

Макрон ова го најави вчера, а формалната декларација се очекува во септември. Тој рече дека потегот ќе ги унапреди мировните напори на Блискиот Исток.






Вашингтон и Западен Ерусалим го осудија ветувањето на Макрон, предупредувајќи дека тоа би било контрапродуктивно.

– Оваа непромислена одлука служи само на пропагандата на Хамас и не придонесува за мир – рече американскиот државен секретар, Марко Рубио.

Тоа е шлаканица во лицето на жртвите од 7 октомври 2023 година, додаде Рубио, осврнувајќи се на датумот кога милитантите на Хамас од Газа започнаа смртоносен напад врз јужен Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше одлуката на Макрон, нарекувајќи ја „чин што наградува терор и ризикува да создаде уште еден ирански посредник, исто како што стана Газа“.

Мировните преговори со посредство на Катар повторно пропаднаа оваа недела откако САД и Израел се повлекоа, обвинувајќи го Хамас дека не дејствува со добра намера.

Големите западни новински агенции предупредија дека нивните новинари во Газа се соочуваат со глад. Би-Би-Си, АФП, АП и Ројтерс го повикаа Израел да им дозволи на странските новинари пристап до енклавата.

Израелскиот министер за наследство, кој е од крајната десница, Амихај Елијаху, изјави дека владата не треба да интервенира поради тоа што жителите на енклавата се соочуваат со глад.

– Цела Газа ќе биде еврејска – изјави тој за локалните медиуми.

Западен Ерусалим ги негираше обвинувањата за попречување на хуманитарната помош. Оттаму го обвинија Хамас за „грабеж“ и додадоа дека Обединетите Нации се неактивни во врска со проблемите со дистрибуцијата.

Во првата инвазија во 2023 година палестинските милитанти убија околу 1.200 луѓе и зедоа десетици заложници.

Според локалнит власти во Газа додега над 59.000 луѓе се убиени како резултат на воениот одговор на Израел. Според критичарите ова е епропорционален и потенцијално геноциден одговор.

Конфликтот се прошири и во други земји, вклучувајќи ги Либан, Јемен, Сирија и Иран и се зголемени стравувањата од регионална војна.

Неколку земји формално ја признаа државата Палестина додека трае тековниот конфликт, вклучувајќи ги Шпанија, Норвешка, Ирска и Мексико.

Поврзани содржини