Не очекувам да влеземе во рецесија во првиот квартал, вели Бектеши

Во однос на платежните картички за граѓаните, тој потенцира дека Уредбата е одлично направена и дека се очекува тие да бидат навреме изготвени и доставени, како и да почнат да се користат во предвидениот рок.

183

Министерот Крешник Бектеши рече дека според индикаторите кои ги знае, не очекува земјата да влезе во рецесија во првиот квартал.

– Немам информации за извештајот од Заводот за статистика, но според индикаторите кои ги знаеме, очекувам да не влеземе во рецесија во првиот квартал. Ќе ги чекаме податоците од Државиот завод, по што ќе излеземе со наш став зависно од движењата на секој од секторите – рече Бектеши одговарајќи на новинарско прашање.






Во однос на платежните картички за граѓаните, тој потенцира дека Уредбата е одлично направена и дека се очекува тие да бидат навреме изготвени и доставени, како и да почнат да се користат во предвидениот рок.

– Преговорите со банките кои ќе ги доделуваат картичките се завршени. Убеден сум дека со доставување на листата до нив, навреме ќе бидат изготвени и граѓаните ќе може да ги користата во предвидениот рок – истакна Бектеши.

Поврзани содржини