НЕ НИ ПОМИСЛУВАЈТЕ СО АВТОМОБИЛ ДА ГО ПОСЕТИТЕ МАНАСТИРОТ „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“ Денеска се одржува атлетска трка од 10 километри

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, наведено е во соопштението.

8,668

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 09.00 часот поради одржување на атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини