НЕ, НЕМА ДА ЈА ОКУПИРАМЕ МЕСЕЧИНАТА Кина го обвинува Вашингтон за поттикнување „вселенска војна“
Запрашан да разјасни какви воени цели би можела Кина да следи во вселената, Нелсон рече дека кинеските астронаути учат како да ги уништуваат сателитите на другите земји и тврди дека конкуренцијата за јужниот пол на Месечината ќе биде особено интензивна. Тој исто така рече дека до 2035 година, Пекинг би можел да ја заврши изградбата на сопствената станица на Месечината и да започне со експерименти една година подоцна.
Пекинг ги отфрли тврдењата на САД дека Кина можеби размислува за окупирање на Месечината како дел од нејзината воена вселенска програма и наместо тоа го обвини Вашингтон дека сака да ја претвори вселената во „домен на војување“, пишува РТ.
Ова е на Кина, а вие останете надвор
Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, за германскиот весник Билд во саботата изјави дека светот мора „мора да е многу загрижен“ поради тоа што Кина потенцијално „слета на Месечината и како да рече „Сега (ова) е наше (кинеско), а вие останете надвор“.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, во понеделникот одговори на обвинувањата, велејќи дека ова не е прв пат шефот на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација да ги игнорира фактите и да зборува неодговорно за Кина.
– Американската страна постојано конструираше оцрнувачка кампања против нормалните и разумни напори на Кина во вселената, а Кина цврсто се спротивставува на таквите неодговорни забелешки – додаде тој, тврдејќи дека Кина отсекогаш стоела против вооружувањето и ја промовира заедничката иднина на човештвото во вселената.
Кина вежба уништување странски сателити
Запрашан да разјасни какви воени цели би можела Кина да следи во вселената, Нелсон рече дека кинеските астронаути учат како да ги уништуваат сателитите на другите земји и тврди дека конкуренцијата за јужниот пол на Месечината ќе биде особено интензивна. Тој исто така рече дека до 2035 година, Пекинг би можел да ја заврши изградбата на сопствената станица на Месечината и да започне со експерименти една година подоцна.
НАСА соработувала со кинески научници иако е забрането?
79-годишниот шеф на НАСА долго време беше критичар на амбициозната вселенска програма на Кина, и покрај уверувањата на Пекинг дека таа има чисто мирољубиви цели. Во април, тој го обвини Пекинг дека одбива да работи со САД и дека прикрива важни податоци, иако амандманот на Волкот од 2011 година ѝ забранува на НАСА директна соработка со кинески научници без овластување од Конгресот.
САД имаат свои валкани досиеја
Додека ја бранеше кинеската вселенска програма, Жао тврдеше дека САД имаат свои „валкани досиеја“ за создавање вселенски отпад, развивање офанзивни вселенски оружја и поттикнување трки во вселенски вооружувања со отворено прогласување на вселената како „оперативна граница“ и „домен на војување“.