НЕ МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ НАПАЃАЧ КОЈ ПУКАШЕ ПРЕД ТОЛКУ ЛУЃЕ И КАМЕРИ!? Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ го повикува Спасовски да си поднесе оставка
Уште пофрапантно е што полицијата предводена од Спасовски не го превенирала настанот, иако неколку дена претходно е најавено убиство на социјалните мрежи на едно од лицата кои се повредени – рече пратеникот Драган Ковачки.
МВР под раководство на Оливер Спасовски е до толку неспособно што не може да расчисти настан што се случил во центарот на главниот град, каде што постојат голем број можности за идентификација и лоцирање на сторителите – оцени вчера Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го нападот што се случи во трговскиот центар Ист гејт мол.
– Вчера граѓаните повторно беа вознемирени и потресени од мафијашките пресметки кои со МВР на Спасовски станаа се почеста појава. Среде бел ден, во трговски центар во центарот на Скопје, вооружен напаѓач пука од пиштол и тешко повредува две лица.
Настанот се случува во трговски центар, каде што постојат голем број камери, како и голем број минувачи кои биле во непосредна близина на настанот, а напаѓачот сè уште не е пронајден и лишен од слобода.
МВР под раководство на Спасовски е до толку неспособно што не може да расчисти настан што се случил во центарот на главниот град, каде што постојат голем број можности за идентификација и лоцирање.
МВР раководено од Оливер Спасовски доживува целосно фијаско.
Уште пофрапантно е што полицијата предводена од Спасовски не го превенирала настанот, иако неколку дена претходно е најавено убиство на социјалните мрежи на едно од лицата кои се повредени.
На кое дереџе Оливер Спасовски и СДС го донесоа МВР – на толку многу вработувања и фалење од страна на Спасовски, дојде ред од граѓаните да бараат помош за препознавање на лицето коешто пукало во трговски центар.
Спасовски е целосно неспособен да гарантира јавен ред и мир.
Поради колапсот на безбедносниот систем под раководство на Спасовски, Македонија е тема и во балканските медиуми во одделот „Црна хроника”.
Спасовски мора да си поднесе оставка веднаш – рече Ковачки.