НЕ МОЖЕМЕ САМО ДА ГЛЕДАМЕ, МОРА ДА ПОМОГНЕМЕ Македонија ќе испрати помош за Словенија, страшни се последиците од невремето
Подготвени сме да подадеме рака и да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти. Заедно сме посилни, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, објави дека Македонија е подготвена да ѝ помогне на Словенија да се избори со катастрофата и големите поплави што ја зафатија земјата по невремето.