НЕ МОЖЕМЕ ДА ПОТВРДИМЕ ХЕМИСКИ НАПАД ВО МАРИУПОЛ Пентагон се огласи во врска со солзавецот и нервниот гас

Не можеме да го потврдиме тоа. Гледаме со сериозност што се случува, набљудуваме и правиме сè што е во наша моќ да дознаеме ако нешто се случило, но не сме во позиција да го потврдиме, изјави Кирби.

156

САД внимателно ги следат извештаите за руски хемиски напад во Мариупол но засега не можат да ги потврдат исказите низ социјалните мрежи, изјави денеска на брифинг за новинарите Џон Кирби, портпарол на Пентагон.

– Не можеме да го потврдиме тоа. Гледаме со сериозност што се случува, набљудуваме и правиме сè што е во наша моќ да дознаеме ако нешто се случило, но не сме во позиција да го потврдиме – изјави Кирби.






Синоќа се појавија извештаи низ социјалните мрежи дека руската армија употребила хемиско оружје во Мариупол. Некаде се говореше дека нервен гас бил измешан во солзавец, а други постови тврдеа дека хемикалии биле расфрлани со дронови.

– Очигледно тие сметаат дека ова е една од можностите да се избегне криминален прогон, со тоа што може да се употреби нервен гас во средство за контрола на маси – изјави Кирби и додаде дека САД засега не можат да ги потврдат тие извештаи.

Поврзани содржини