НЕ МОЖЕ ДА МЕ ВРАТАТ ВО ПАРТИЈА ОД КОЈА НЕ СУМ ИЗЛЕГОЛ Димитриевски нетрпелив за седницата на Централниот одбор

На СДСМ му се неопходни радикални промени и трансформации по вертикала и хоризонтала и начинот на практикување на власта, елиминација на лукративно-клиентелистичкиот пристап кои треба да бидат заменети со вистински државотворни политики базирани на идеологија во кои граѓанскиот ќе биде пред партиско-личниот интерес, порачува Димитриевски.

1,269

Никој не може да ме враќа во партија од која никогаш немам излезено, согласно статутот на мојата СДСМ сѐ уште сум член и воедно со нетрпение ја очекувам седницата на ЦО на која ќе разговараме и за мојот статус, но и за погубните политики на дел од раководството кои нѐ доведоа во оваа состојба, напиша градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на својот профил на Фејсбук откако вчера генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски изјави дека партијата ќе го враќа Димитривски во нејзините редови.

„На СДСМ му се неопходни радикални промени и трансформации по вертикала и хоризонтала и начинот на практикување на власта, елиминација на лукративно-клиентелистичкиот пристап кои треба да бидат заменети со вистински државотворни политики базирани на идеологија во кои граѓанскиот ќе биде пред партиско-личниот интерес. Ние власта од граѓаните ја добивме за да бидеме различни, а не исти или слични со претходните. Очекувам реализација на најавените оставки и кадровски смени во владата, но и во партијата бидејќи едно од нашите начела беше и дека ‘Зборот е збор’“, наведува Димитриевски.






Тој објаснува дека граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ е формиран токму поради различностите со владата и несогласувањата со дел од раководството на СДСМ.

Силната поддршка за мене и за луѓето од концептот „За наше Куманово“ е мотив повеќе за поголема посветеност во трансформацијата на Куманово, но и во борбата за поголема демократизација на државата. Изминатиот период притисоците кон мене и кон нашите поддржувачи беа огромни, доаѓаа од луѓе кои се нарекуваат „мои сопартијци“, нема простор за разговор ниту договор со такви кои што срушија сѐ, излегоа од начелата на СДСМ и се користеа со груевистички методи. Нема да дозволам да бидам дел од нечии игри за собирање евтини политички поени, мојот фокус во моментов е да ги реализирам сите ветени проекти за кои што добивме доверба од граѓаните притоа водејќи се по реални социјалдемократски начела“, наведува Димитриевски.

Поврзани содржини