НЕ МОЖАМ ДА ГО ДАДАМ МАНДАТОТ НА ЕКОНОМОТ НА БИХАЌКА Пендаровски вели доколку тоа е Ковачевски треба да му се даде шанса

Објективно, Димитар Ковачевски е голема непознаница во политиката бидејќи не бил на позиција претходно, оцени вечерва претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

3,438

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва беше гостин на телевизијата Канал 5, каде се осврна на уставно пропишаниот процес за формирање на новата влада на земјата.

Откако Собранието денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, претседателот примил формално известување дека таа е констатирана и сега течат уставните рокови, а новата влада се очекува да биде формирана за десетина дена.






Запрашан за новиот мандатар, Пендаровски рече дека тој мора да добие официјално име и презиме од партијата за да одлучи за таквата позиција.

– Не можам мандатот да го дадам на економот на „Бихаќка“. Треба да ми кажат на кој треба да го дадам мандатот. Ќе побарам потписи, видувања еден со друг. Ми треба име и презиме за кандидатот за премиер. Тоа ќе се случи во текот на следната седмица – рече Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5.

Објективно, Димитар Ковачевски е голема непознаница во политиката бидејќи не бил на позиција претходно, оцени вечерва претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Слично, рече Пендаровски, како што е случај и со него лично со оглед дека пред да стане пратеник, а потоа и претседател на државата, не извршувал функцијата како што е министерска или премиерска.

На Ковачевски, како име кое е извесно за нов мандатар, вели претседателот, треба да му се даде шанса.

– Треба да му се даде шанса, факт е дека има богато академско искуство, има години и години партиски стаж во СДСМ, таму го познаваат. Мислам дека има конекции со разноразни групации кои постојат. Мислам дека има добра стартна основа – рече шефот на државата.

Според контактите кои се во тек, шефот на државата вели дека предавањето на мандатот би требало да се случи наредната недела – вторник или среда. Откако тој ќе го предаде мандатот, мандатарот ќе има рок од 20 дена за формирање влада.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 говореше за евентуалниот прием на Македонија во ЕУ.

Сепак, тој смета дека македонскиот јазик треба да биде признаен од сите земји-членки, па дури подоцна да се влезе во таа Европска унија.

– Мора да им дадеме на другите шанса да се соочат со вистината за нас. Јас сум Македонец и сега не може ние да се пишеме нешто друго. Не знам за која Европска унија – рече претседателот на државата Стево Пендаровски во гостување на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека преку црвените линии не може да преминеш, бидејќи така сам се погазуваш.

– И ќе повторам. Зошто воопшто преговаравме, и Заев којшто беше најнапреден во тој дел од сите нас, не потпиша договор со Бугарија. Не можеш да прегазиш преку некои линии – додаде Пендаровски.

Поврзани содржини