НЕ МИ ЗАМЕРУВАЈТЕ АКО МЕ СОВЛАДААТ ЕМОЦИИТЕ Андријана Јаневска во Кавадарци ќе ја отпее „Ми заплакало селото Ваташа“

Таа веќе еднаш ја отпеа оваа песна на овогодишната Златна бубамара на популарноста, додека Игор Џамбазов читаше стихови од песната „Цветови“ на Славко Јаневски, инспирирана од крвавиот настан.

12,387

И да ме совладаат емоциите додека пеам верувам дека публиката нема да ми замери, вели познатата пејачка Андријана Јаневска за „Фокус“ за настапот кој треба да почне попладнево во 19 часот во Домот на културата „Иван Мазов Климе“, а по повод 80 години од стрелањето на 12-те младинци во селото Ваташа од страна на бугарските фашисти кој се случил на 16 јуни 1943.

Таа веќе еднаш ја отпеа оваа песна на овогодишната Златна бубамара на популарноста, додека Игор Џамбазов читаше стихови од песната „Цветови“ на Славко Јаневски, инспирирана од крвавиот настан.






Повеќе настани во земјава се планирани за утрешниот ден.

 

Ми заплакало селото, селото Ваташа.

Tринаесет роса младинци носат

Мокришко горе, в долови.

Целото село станало, станало на нога.

Дајте ги вамо нашите деца

еј вие клети крвници.

Џелати клети не слушат, не слушат народот.

Митралез поган фрлија оган

в градите машки младински.

Тогај се народ подигна, подигна илјадно.

И тргна смело да запре семе

фашистичко клето за навек.

Славко Јаневски „Цветови“

 

Во врска со овој настан, Славко Јаневски ја напишал песната „Цветови“.

 

Цветови

 

В Тиквешко негде, в некое село,

кај в слана тивко венеше цвете,

– убија дете.

Последна солза од око капна…

кога на ридот есента стапна,

в крви се изми утрото бело.

И кога в зраци челикот светна

последна мисла ко птица летна:

„Мајка ми сама остана в село”.

 

О, детски очи!

Криевте в себе небесно катче…

Румено крвје течеше в жили

в радост без почин…

Кај око детско натопи земја

гороцвет никна, разлиста пролет,

кај крвта врела растопи слана

црвена роза закити поле.

Мајската роза и цветот модер

в миризма молат:

„Закити, друже, огнена пушка

со цвеќа млади,

па напред појди и други деца

брани со гради”.

В Тиквешко негде, в некое село,

кај в слана тивко венеше цвете,

– убија дете.

Поврзани содржини