НЕ МИ Е ЗАБРАНЕТО ДА СЕ ДРУЖАМ СО ПОЛИТИЧАРИ Ислам Абази не знае дали некогаш се сретнал со Али Ахмети, иако потекнуваат од исто село

Можеби сме се сретнале со господинот Али Ахмети, ама лично контакти немаме. Дружбата со такви личности не е забранета, ама е непристојна, рече новоизбраниот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

941

Јавнообвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или со членување во одредена политичка партија, рече новоизбраниот шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, одговарајќи на новинарско прашање: каква и колкава е вашата блискост со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со оглед на тоа што потекнувате од исто село?

– Никогаш не сум бил член на политичка партија. И во моето досегашно работење никогаш не сум оставил впечаток дека јас сум имал некакви релации или позиции со политички партии. Можеби сме се сретнале со господинот Али Ахмети, ама лично контакти немаме. Дружбата со такви личности не е забранета, ама е непристојна. Мене не ми е забрането да се дружам со некој политичар ако тој не е учесник во некаква постапка или ако нема кривично дело против него – изјави Абази.






Тој претходно им се заблагодари на колегите обвинители кои во текот на вчерашниот ден гласаа за тој да биде шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

– Колегите во мене препознаа човек кој ќе биде успешен и праведен. Им благодарам – рече Абази.

Поврзани содржини