Нејмар заработи црвен картон – „Штета што јас не играв против еб*ниот расист“

Нејмар тврди дека бил расистички навредуван од Алваро, дека бил наречен мајмун и дека противникот употребил погрдни зборови и за неговата мајка.

469

Најголемото дерби во француската Лига 1, дуелот помеѓу екипите на ПСЖ и Олимпик од Марсеј, изненадувачки заврши со минимален триумф на гостинот од „Велодром“. Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Флориан Тован, а освен по тоа, дуелот на „Паркот на принцовите“ ќе биде запаметен и по физичката пресметка која се случи во последната минута од натпреварот.

До тој момент беа покажани дури 12 жолти картони, а потоа главниот судија беше принуден да покаже и пет црвени картони. Патот кон соблекувалната му беше покажан и на најскапиот играч во фудбалската историја, Нејмар, кој физички го нападна противничкиот дефанзивец Алваро Гонзалес.






По натпреварот Бразилецот изјави дека така реагирал поради расистичките навреди кои ги упатил фудбалерот на Марсеј. Нејмар тврди дека бил расистички навредуван од Алваро, дека бил наречен мајмун и дека противникот употребил погрдни зборови и за неговата мајка.

Бразилецот веднаш доби поддршка од својот сонародник, Филипе Мело, кој е познат и како најгруб играч во фудбалската историја.

„Браво Нејмар, но штета што јас не играв против еб*ниот расист“, напиша Мело на својот Твитер профил.

Поврзани содржини