Нејмар позира пред својот вонсериски хеликоптер за кој плати 10,5 милиони долари 

Дизајнот на леталото е инспириран од футуристичкиот автомобил на суперхеројот Бетмен, чиј голем обожавател е бразилскиот фудбалер. 

781

Бразилскиот фудбалски репрезентативец Нејмар објави фотографија на социјалните мрежи на која позира пред редок модел на хеликоптер од производителот „Мерцедес“ за кој напаѓачот на ПСЖ издвоил 10, 5 милиони долари.

Нејмар на фотографијата објавена на својот Инстаграм профил на кој има 155 милиони следбеници, позира пред луксузниот дом во Рио де Женеиро, додека во заднина е стациониран хеликоптер во црна боја со неговите иницијал „NJR“.






Летaлото, од марката „Мерцедес“, модел H-145, не е во сериско производство и се изработува само по специјални нарачки.

Дизајнот на леталото е инспириран од футуристичкиот автомобил на суперхеројот Бетмен, чиј голем обожавател е 29-годишниот Нејмар.

 

Поврзани содржини