НЕ ИЗВЛЕКОВМЕ ПОУКА ОД ЛЕТНИТЕ ПОЖАРИ Секој ден се палат стрништа, депонии и сува трева

Скопската Бригада за противпожарна заштита ноќеска интервенирала на запалена ниска вегетација и ѓубре на обиколница - клучка кај Оризари. Било интервенирано со едно возило и четворица пожарникари.

44

Пет пожари на отворен простор низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, сува трева и нискостеблеста вегетација, како и шума.

Скопската Бригада за противпожарна заштита ноќеска интервенирала на запалена ниска вегетација и ѓубре на обиколница – клучка кај Оризари. Било интервенирано со едно возило и четворица пожарникари.






Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Струмица интервенирале на запалена депонија кај село Просениково и на запалена ниска вегетација, покрај улицата Ристо Ќурчиев.

И во Виница била запалена ниска вегетација.

Поврзани содржини