Не излегувајте никаде без маска, полицијата само вчера казни 870 граѓани

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

528

Само во текот на вчерашниот ден полицијата казнила рекордни 870 лица кои не носеле заштитни маски, соопшти МВР.

„Во текот на изминатото деноноќие (29/30.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 870 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини