НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ЧАДОР, ДОАЃААТ ПОРОЈ, ГРАД, ГРМЕЖИ И ВЕТЕР Невреме во цела Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, кој ќе наврне во количина од над 15 литри на квадратен метар. Ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и со изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се спушти најниско до 11 степени во Маврово, а најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија со температура до 32 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 16 до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
