НЕ ИЗГЛЕДАМ СОВРШЕНО, НО РАБОТАМ ОДГОВОРНО Министерката Петровска им одговори на злите јазици
Деновиве на социјалните мрежи, пак, се покрена задоцнета поддршка на Петровска при што познати личности, меѓу кои и нејзината претходничка Радмила Шекеринска, застанаа во одбрана на Петровска од злите јазици.
И приватно и службено внимавам да бидам пристојно и соодветно облечена за пригодата. Не изгледам совршено, но мислам дека позицијата на министер за одбрана бара одговорност и посветеност во носењето одлуки и нивното спроведување, рече меѓу другото министерката за одбрана Славјанка Петровска во разговор со порталот ММС.
Министерката извесно време е жртва на говор на омраза на социјалните мрежи при што ѝ се упатени навреди на сметка на нејзиниот изглед, но и на одредени изјави им е даден поинаков контекст. Последниот напад беше поврзан со изведбата на песната „Јовано, Јованке“ при официјалната посета на Британија. Министерката објасни дека пред посетата била прашана од Лондон која ѝ е омилена песна, и дека на ова ниво на посети според протоколот не се изведуваат државните химни.