НЕ ИЗДАВАЛЕ ФИСКАЛНИ, А ИМАЛО НЕПРИЈАВЕНИ РАБОТНИЦИ И МАЛОЛЕТНИЦИ ПО ПОЛНОЌ Испекторска акција во неколку угостителски објекти во Скопје

За констатираните неправилности, ќе бидат изречени санкции.

248

Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето“ изминатите два дена во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, спровеле акциски контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје.

Во рамки на контролата, како што соопштија од МВР, во еден угостителски објект на подрачјето на Аеродром биле констатирани неправилности од страна на УЈП согласно Законот за регистрирање на готовинско плаќање, додека трудовата инспекција утврдила непријавени работници во објектот. За констатираните неправилности, ќе бидат изречени санкции.






Во друг угостителски објект на подрачјето на Аеродром, се наведува во соопштението е затекнт малолетник по полноќ. За овој прекршок  ќе следува соодветна санкција.

– При контролата во угостителски објекти во Градскиот парк, во 2 од нив УЈП констатира неправилности од Закон за регистрирање на готовинско плаќање, недостатоци се утврдени и од страна на пазарната и трудовата инспекција, за кои се дадени соодветни задолженија за правните лица – информира МВР.

Поврзани содржини