„НЕ ИМ ВЕРУВАЈ НА ДПМНЕЈЦИТЕ И КОГА ТИ НОСАТ ПОДАРОЦИ“ Апасиев порача дека жестокоста во критиката не смее да попушти

2,736

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, порача дека жестокоста во критиката не смее да попушти откако синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обзнани мораториум на вербалните напади кон Левица и кон Движењето ЗНАМ.

„Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци“, напиша претседателот на Левица, Апасиев, кој ја коментираше изјавата на Мицкоски.






„Термометарот на жестокоста во критиката не смее да се спушти ниту за степен!“, додаде Апасиев во својата објава на Фејсбук.

– Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум во нападите кон партиите Левица и ЗНАМ – рече Мицкоски на митингот во Охрид, синоќа.

 

 

 

МИЦКОСКИ ОБЈАВИ МОРАТОРИУМ НА СИТЕ НАПАДИ КОН ЛЕВИЦА И ЗНАМ Сега е време за македонско национално единство

Поврзани содржини