НЕ ГИ СЛУШАЈ ШТО ЗБОРУВААТ, ТУКУ ШТО ПРАВАТ ВО ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ Мицкоски ги коментира амандманите за извештајот за Македонија

И во услови кога немаме гаранција дека ова ќе биде последна идентитетска отстапка која ние треба да ја направиме, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават. А тоа што го направија и сè уште прават дел од пратениците во ЕП од нашиот источен сосед, нема никаква врска со европските вредности, потенцираше премиерот.

1,167

Премиерот Христијан Мицкоски  вели дека сè може се да очекува, и дека ништо не би го изненадило во врска со најавените спорни амандмани од бугарски европратеници за Извештајот за Македонија во кои се бара пред македонскиот јазик да стои зборот „модерен“.

– Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават – рече премиерот Христијан Мицкоски.






Во репликата на изјавата на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос, која изјави дека „никој не може да ни ги одземе специјалитетите како тавче гравче, пинџур и полнети пиперки“, премиерот посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански.

– За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет – рече Мицкоски.

Тој потенцира дека е секогаш малку повнимателен кога станува збор за идентитетот, поради досегашното тридецениско искуство на земјата.

– Да тоа, е така дека ние го носиме со нас, длабоко во нас. Но, морам да признам дека овие повеќе од три децении ние изгубивме голем дел од нашиот идентитет менувајќи знаме, менувајќи име, неколку пати менувајќи Устав. И во услови кога немаме гаранција дека ова ќе биде последна идентитетска отстапка која ние треба да ја направиме, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават. А тоа што го направија и сè уште прават дел од пратениците во ЕП од нашиот источен сосед, нема никаква врска со европските вредности – потенцира Мицкоски.

 

Поврзани содржини