НЕ ГИ ПРИМАЛ ВО ТАКСИ ЗАРАДИ ПИЦА СО ЛУК Германски таксист ја загуби дозволата
Во караницата таксистот успеал да ги исфрли „заљубените“ од автомобилот, но девојката се исправила пред неговиот автомобил и тој со колата ја кутнал на тротоарот сакајќи да избега. Набрзо, го пронашла германската полиција.
Таксист во германскиот град Менхенгладбах ја загубил својата возачка дозвола, откако се степал со дечко и девојка кои ги превезувал заради пица која смрдела на лук, јавува МИА. Во караницата таксистот успеал да ги исфрли „заљубените“ од автомобилот, но девојката се исправила пред неговиот автомобил и тој со колата ја кутнал на тротоарот сакајќи да избега. Набрзо, го пронашла германската полиција.
Настанот кој привлече внимание во медиумите, се случил во саботата. Младиот пар бил на ноќно лупмување и изгладнети изутрината одејќи накај дома тие решиле да купат две пици со лук. Кога дошло време да влезат во такситот, таксистот отпрвин негодувал, но потоа ги пуштил. Сепак, миризбата од лукот направила тој по кусо возење да запре и да побара од нив да излезат.
На таксистот(49) му е одземена дозволата и е под истрага за предизвикување сообраќајна опасност.