НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ПОЛИТИКАНСТВО ТРЕБА ДА СМЕ ЗАЕДНО ПРОТИВ ТЕРОРИСТИТЕ Белата куќа одговори на барањето оставка од Бајден

По активирањето на бомбите на аеродромот во Кабул, голем број републикански конгресмени и сенатори го повикаа Бајден да поднесе оставка и да ја преземе одговорноста за грешките во организирањето на повлекувањето на војниците и евакуацијата на цивилите од Авганистан. 

234

Белата куќа одговори на барањата на повеќемина републикански сенатори и конгресмени за оставка на американскиот претседател Џо Бајден поради вчерашниот напад во Кабул, во кој загинаа најмалку 13 американски војници.

– Ова не е ден за политиканство. Очекуваме секој Американец, избран или не, да застане рамо до рамо со нас и да ја сподели нашата решеност да ги гониме, да се бориме и да ги убиваме овие терористи, каде и да се – изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки на брифинг во Белата куќа.






Портпаролот на Пентагон, генерал Кенет Франк Мекензи, претходно изјави дека 13 американски војници загинале во нападот во близина на аеродромот во Кабул, а 15 се повредени.

По активирањето на бомбите на аеродромот во Кабул, голем број републикански конгресмени и сенатори го повикаа Бајден да поднесе оставка и да ја преземе одговорноста за грешките во организирањето на повлекувањето на војниците и евакуацијата на цивилите од Авганистан.

Поврзани содржини