НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ПЛАТИМЕ ДОЛГОТ Русија ќе ги плаќа обврските во рубљи, ако не може во друга валута

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека ги имаат потребните пари а сервисирање на обврските.

434

Руското Министерство за финансии соопшти дека одобрило привремена процедура за отплата на долгот на обврзниците и додаде дека плаќањата ќе се вршат во рубљи доколку поради санкциите руските банки нема да можат да плаќаат во валутата во која се издадени хартиите од вредност.

– Наводите дека Русија не може да ги исполни своите обврски врз основа на државниот долг се невистинити. Ги имаме потребните средства за да ги сервисираме нашите обврски – рече министерот за финансии Антон Силуанов во изјава, цитирана од Ројтерс.






Русија во среда треба да плати 117 милиони долари врз основа на 2 серии обврзници деноминирани во долари.

Поврзани содржини