НЕ Е ПРОБЛЕМ ЈАХТАТА, ТУКУ ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ЗАЕВ И НА ФИЛИПЧЕ Лажат дека им е грижа за работниците, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Додека Венко Филипче во друштво на Зоран Заев ужива во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје нивниот Љупчо Коцевски го бранат со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

1,263

Не е проблем што Венко Филипче отишол на одмор, проблем е неговото лицемерие, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Венко Филипче ужива на јахта во Белото Море, неговата СДСМ во исто време хушка и потпалува пожари, додека во исто време држат пресови за ширење на паника и страв. Додека Венко Филипче во друштво на Зоран Заев ужива во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје нивниот Љупчо Коцевски го бранат со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари. Додека во Грција на јахта Венко Филипче покажува колку е одлепен од реалноста, во Скопје лажат дека им е грижа за работниците и стандардот на граѓаните. Венко Филипче ужива со Зоран Заев на јахта во Грција, оваа фотографија која ја објавија медиумите го покажува целиот раскош и раскалашеност на СДСМ и нивното раководство. Венко Филипче со неговиот тутор Зоран Заев покажаа врвно лицемерие. Затоа, Венко Филипче и Зоран Заев се дел од срамното минато на државата и не се никаква иднина“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.






📷 ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ СИ ГИ ЛАДАТ НА ЈАХТА НА ХАЛКИДИКИ Венко тренира да го џитне сидрото да влече напред на локалните избори

Поврзани содржини