НЕ Е ПОРАДИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Силјановска-Давкова кажа за што можеме да добиеме вето од ЕУ
Таа вели дека ова со уставните измени „апсолутно не држи“ и дека ЕУ ќе ни стави вето и „ќе добиеме не знам колку вета поради непочитување на Копенхашките критериуми“.
Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во Вин-Вин на ТВ Телма изјави дека во ЕУ ќе бидеме почитувани и рамноправни ако сме построени и уредени според Копенхашките критериуми.
– Ако имаме независното судство, ако се почитуваат правата и слободите, ако имаме европско образование, а не факултети кои се `фабрики за хартија`, па имаме повеќе доктори на науки по глава на жител од Британија – рече Силјановска Давкова.
Таа вели дека ова со уставните измени „апсолутно не држи“, и дека ЕУ ќе ни стави вето и „ќе добиеме не знам колку вета поради непочитување на Копенхашките критериуми“.
Според неа истовремено менувајќи ги работите и европеизирајќи се ние ќе наидеме на подобар однос и подобар одговор од Унијата.
– Во ЕУ треба да сте компатибилни истовремено, а не глорифицирајќи ја ЕУ. Правејќи ја (Унијата) догма, и истовремено менувајќи ги работите односно европеизирајќи се, ние ќе наидеме на подобар однос и на подобар одговор. Тоа што велат ако не го смениме Уставот ќе бидеме аут, колку пати ние всушност ги почнавме преговорите – прво ги отпочнавме преговорите во авион, па до почнати преговори во Солун со изјави на некогашниот премиер, па Преспански договор, дали сте за членство во ЕУ и НАТО прифаќајќи го Преспанскиот договор, тоа е илузионизам – оценува Силјановска Давкова.
Таа смета дека со соседите треба да се разговара со аргументи.
– Кога велам јас дека треба да се разговара со соседите, со аргументи, на што мислам. Соседите треба да ги признаваат европските вредности. Дали не е европска вредност да се почитуваат пресудите од Стразбур. Каква е таа држава чиј судија суди од Стразбур, а не признава пресуди од Стразбургшто важат за неа – истакнува Силјановска Давкова.