НЕ Е ОТФРЛЕНА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ОД МВР ПРОТИВ ЕКСПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ Обвинителството ги истражува наводите, кои се за различно дејствие од пријавата против Груби
Не е отфрлена кривичната пријава што МВР ја подесе против експремиерот Димитар Ковачевски и поранешен генерален секретар. Јавното обвинителство ивестува дека ги проверуваат наводите во пријавата.
Од ЈО велат дека со владината седница на која е донесена спорната владина одука во врска со Државна лотарија, претседавал вицепремиерот Артан Груби и дека пријавата против Ковачевски е во врска со друго дејствие и во друг временски период.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера рече дека поднеле кривични пријави во ЈО против 8 лица во врска со криминал во Државна лотарија, меѓу кои се поранешни премиер, вицепремиер, директор, генерален секретар и четворица државни службеници.
Од нив, на четворицата службеници Кривичниот суд на барање на Јавното обвинителство веќе им одреди мерки за претпазливост и им ги одзеде пасошите на четворицата државни службеници. За поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој избега во Косово, ЈО побара притвор, како и за поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кој веќе некое време е надвор од Македонија, но од Судот уште нема одлука. За останатите двајца од пријавата ЈО вчера извести дека до тој момент не се обезбедени докази кои укажуваат на основано сомнение за кривично дело.
Во врска со тоа што се случува со пријавата за останатите двајца, поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешен генерален секретар, ЈО денеска извести дека кривичната пријава за наведените лица не е отфрлена.
„Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените 6 лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат. Напоменуваме двете лица се пријавени за сосема друг временски период и за други дејствија, а на владината седница на 6.6.2023 година кога точка на дневен ред била наведената одлука, претседавал единствено сега осомничениот“, информира ЈО.
Министерот Панче Тошковски вчера не сакаше да открие за кое кривично дело му поднеле кривична пријава на Ковачевски, за да не ја загрози истрагата.