🎥 НЕ Е ЛОШО СТАНДАРДИТЕ ДА ВАЖАТ И ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Сиљановска Давкова со остра забелешка за двојните аршини на Унијата

Мојата порака е: Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми. Ако нас нѐ оценуваат според исполнувањето на Копенхашките критериуми, мислам дека ќе добиеме поинакви оценки, рече претседателката Сиљановска Давкова.

199

Денеска сме сведоци, не само ние, туку и нашите гости, дека кога ве оценуваат според конкретни високи стандарди, не може да има импровизации и вие или ќе ги поминете или – не, изјави претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова која денеска присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде се реализира Ден за високи гости во рамки на вежбата „Блесок 26“.

– Мојата порака е: Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми. Ако нас нѐ оценуваат според исполнувањето на Копенхашките критериуми, мислам дека ќе добиеме поинакви оценки. Ако не се почитувааат високи стандарди и ако се воведуваат нови двојни стандарди и ако исполнувањето не е според исполнувањето на стандардите, туку според барањата и потребите на соседите, тогаш имаме сериозен проблем со почитувањето. Не е лошо стандардите да важат во сите можни институции, вклучувајќи ја и Европската Унија – рече Сиљановска Давкова.

Поврзани содржини