НЕ Е ИСКЛУЧЕНО ВАКЦИНАТА ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА Карантинот засега не е опција, но не знаеме што може да се случи

Засега не размислуваме за воведување карантин, но не знаеме што може да се случи во иднина. Затоа, мора да се спроведе опфатот со вакви апели. Не е исклучено вакцината да биде задожителна, но затоа преку овој метод со матичните лекари посакуваме да се золеми бројот на вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

1,090

Не е опција карантин, но не знаеме што може да се случи. Ова денеска го кажа министерот за здравство Венко Филипче и истакна дека многу е важно матичните лекари да го зголемат апелот за вакцинација против коронавирусот кај луѓето во Македонија.

– Засега не размислуваме за воведување карантин, но не знаеме што може да се случи во иднина. Затоа, мора да се спроведе опфатот со вакви апели. Не е исклучено вакцината да биде задолжителна, но затоа преку овој метод со матичните лекари посакуваме да се золеми бројот на вакцинирани граѓани. Матичните лекари треба да се свесни колку е важно да се зголеми опфатот на вакцинацијата. Тоа треба да го прават преку интензивна комуникација со пациентите и да ја испраќаат важната порака за вакцинацијата. Некои земји размислуваат и за воведување задолжителна вакцинација, но мислам дека е се уште рано. Додека тоа се осмисли, треба да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот за вакцинациаја во следниот период со оваа мерка за матичните лекари. Спремни сме да носиме и други препораки. Мислам дека, генерално во Европа, ова е нешто што ќе се менува. Некои земји размислуваат вакцинацијата да биде задолжителна, но очигледно се уште е рано и потребна е комуникација со граѓаните. Гледано низ призмата на здравствениот систем, најпрактичен механизам ни се матичните лекари – истакна Филипче.






Тој додаде дека матичните лекари ќе го добијат бонусот за пациентите кои ќе ги убедат да се вакцинираат до крајот на пролетта.

– Најголем број пациенти што ги има еден матичен лекар е 2.500, во просек околу 1.000 пациенти. А бонусот не е сума што треба да се занемари. Здравствените власти ќе остават некое време да делува оваа мерка – рече министерот.

Во врска со загриженоста на компаниите од затворања доколку меѓу нивните вработени се рашири делта сојот или новиот сој омикрон, Филипче одговори дека не би требало да биде опција рестрикција во движење односно карантин сега кога, како што рече, имаме речиси 50 отсто опфат на вакцинирани.

– Но, не знаеме што може да се случи. Затоа е важно да се зголеми опфатот преку ваков тип апели. Од друга страна, што ќе се случи со работници кои не можат да го издржат финансискиот товар, а не сакаат да се вакцинираат. Тоа значи дека истите тие компании ќе треба тие работници да ги отпуштат. Затоа се потребни апели, дури и во големи претпријатија работодавците да апелираат нивните вработени да се вакцинираат – додаде Филипче.

На прашање дали делта сојот е влезен во земјава, одговори дека групата материјали селектирани за секвенционирање ќе заврши во петок и резултатите од секвенционирањето на речиси 50 такви брисеви ќе бидат познати идната недела.

Поврзани содржини