🎥 НЕ Е ЧАТАЛЕЊЕ ДА ЗАПАЛИШ ПУРА СО КАФЕ Колекционерот на пури Габриел Стибел во поткастот на Плусинфо
Габриел Стибел зборуваше за пура културата и за нејзината историја, анатомијата на пурите, правилата на натпреварите за бавно пушење пура, колкава е штетноста на оваа пасија, како и за менталитетот во Македонија во однос на ова необично хоби.
Во поткастот на Плусинфо, што го водеше Хари Кацановски, гостуваше Габриел Стибел, колекционер на пури и меѓународен судија за бавно пушење пури.
Габриел зборуваше за пура културата и за нејзината историја, анатомијата на пурите, правилата на натпреварите за бавно пушење пура, штетноста на оваа пасија и за менталитетот во Македонија во однос на ова необично хоби.
– Ние во Македонија немаме самодоверба како нација и тоа се гледа во пушењето пури. Доаѓа некој што сака да пуши пури и се прашува како да запали пура во кафана, бидејќи сите ќе мислат дека се „чатали“. Ако јас имам самодоверба и ако мене тоа ми е убаво, јас ќе го правам тоа без разлика дали им се допаѓа тоа на другите или не – вели, меѓудругото, Стибел.
Тој ни презентираше и како правилно се сече и се пали пура.
Стибел е сестран во неговите интереси и хобија.
Тој е дизајнер на фонтани и на градини, меѓународен кинолошки судија, меѓународен судија во дисциплината бавно пушење пури, а исто така е и колекционер на пури, запалки, шешири, бројаници, копчиња за манжетни, па и на кабриолети.
Во продолжение, погледнете го целото видео, и секако, стиснете subscribe на нашиот Јутјуб канал: