НЕ Е БРЕМЕНА, ТУКУ СЕ СООЧУВА СО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Хејли Бибер објави фотографија од подуениот стомак (ФОТО)
Манекенката Хејли Бибер во повеќе наврати беше мета на шпекулации дека чека дете со сопругот, пејачот Џастин Бибер.
Манекенката Хејли Бибер во повеќе наврати беше мета на шпекулации дека чека дете со сопругот, пејачот Џастин Бибер.
Манекенката многупати се огласуваше и ги демантираше ваквите наводи, но овојпат била присилена на порадикален чекор откако новите гласини за бременоста повторно ги преплавија социјалните мрежи. Хејли објави фотографија со поголем стомак и открила за што всушност станува збор.
„На јајчникот имам циста со големина на јаболко. Немам ендометриоза ниту полицистични јајчници, но неколкупати имав циста и никогаш не беше забавно. Не сум бремена. Болно е и се чувствувам мачно и надуено, имам грчеви и емотивна сум. Сигурна сум дека многу жени можат да се поистоветат со ова. Ние тоа го можеме“, напишала Хејли на објавата на инстаграм-приказната на нејзиниот профил.
Инаку, Хејли и Џастин досега беа многу отворени зa здравјето, па така пејачот отворено зборуваше за својата борба со менталните проблеми кои и ги ставиле „на пауза“ плановите за потомство, а манекенката претходно оваа година беше хоспитализирана бидејќи доживеа мозочен удар.
„Појадував со сопругот во четвртокот наутро кога добив симптоми слични на оние на мозочен удар и отидов во болница. Таму открија дека во мојот мозок се појавило многу мало згрутчување, што предизвикало краток недостаток на кислород, но моето тело реагирало и целосно закрепнав за неколку часа“, напиша тогаш на социјалните мрежи.
Бибер се осврна и на причините поради кои дошло до мозочен удар, а како што ѝ кажале лекарите, три фактори биле пресудни. Најпрвин била на два повеќечасовни авионски лета кои ги преспала и по кои не се движела, потоа коронавирусот кој неодамна го прележала и третата причина биле пилулите за контрацепција.
„Пијам контрацептивни таблети, а инаку страдам од мигрена. Ги зедов на своја рака без да се консултирам со гинеколог“, рекла Хејли и ги предупредила сите девојки да не ја повторуваат нејзината грешка.