НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА ТРЕБА, НЕМА ДА СЕ ДВОУМАМ Лукашенко откри дали би наредил користење на руското нуклеарно оружје во Белорусија

Не дај Боже да ми се наложи да донесам одлука за користење на ова оружје денеска, но нема да има двоумење ако станеме предмет на агресија, рече Лукашенко, познат по своите остри изјави.

386

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека нема да се двоуми да нареди користење на руско тактичко нуклеарно оружје кое ќе биде распоредено во Белорусија доколку неговата земја стане цел на агресија.

Претходно годинава, рускиот претседател Владимир Путин го објави планираното распоредување на нуклеарно оружје со краток дострел во соседот и сојузник на Русија, Белорусија.






Путин нагласи дека Русија ќе ја задржи контролата врз тоа нуклеарно оружје, но изјавата на Лукашенко е во спротивност со тоа.

– Не дај Боже да ми се наложи да донесам одлука за користење на ова оружје денеска, но нема да има двоумење ако станеме предмет на агресија – рече Лукашенко, познат по своите остри изјави.

Руските претставници засега не ги коментираа изјавите на Лукашенко.

Белорускиот претседател нагласи дека токму тој побарал од Путин да распореди руско нуклеарно оружје во Белорусија.

Според Лукашенко, овој потег бил неопходен за да се одврати евентуална агресија.

Поврзани содржини