НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА СМРТТА НА 63 ЛИЦА Шабан Салиу се брани по истрагата за „Пулс“

„Апсолутно не чувствувам одговорност. Верувам во нашата држава, во системот и правосудните органи. Ќе ги разгледаат сите аргументи и посебности на случајот“, изјави поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

484

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и лидер на партијата Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, денеска јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

На новинарско прашање за неговата инволвираност во случајот, како поранешен функционер кој е опфатен со истрагата, Салиу одговори: „Апсолутно не чувствувам одговорност. Верувам во нашата држава, во системот и правосудните органи. Ќе ги разгледаат сите аргументи и посебности на случајот.“






Салиу истакна дека има богато искуство во правото и политиката.

– Јас сум правник, доктор по политички и правни науки, поранешен адвокат и човек кој работел во судови. Со срце и душа тврдам дека немам вина. Оставам на совеста на државата да одлучи – рече поранешниот директор на ДСЗ.

Во врска со истрагата, тој нагласи дека ја почитува презумпцијата на невиност.

– Се додека не се докаже вина, секој е невин. Така треба да биде – рече Салиу.

Поврзани содржини