НЕ БИЛ ВРАБОТЕН ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА Во пожарот загинал и доктор кој прележал ковид-19

5,994

Иако беше објавено дека ниту едно лице од медицинскиот персонал во тетовската модуларна болница не се наоѓа меѓу жртвите кои вчера го загубија животот во големиот пожар, сепак утрово беше објавено дека синоќа во трагедијата животот го изгубил и доктор Ферди Шаќири, пренесува „Тетова експрес

 

„Веста ја објавија неговите блиски пријатели. Починатиот лекар неодамна го победи ковид-19, но не и овој сериозен настан синоќа“, наведува медиумот.






Медиумот не наведува во кое својство доктор Шаќири синоќа бил во монтажната болница. Тој бил вработен во тетовска поликлиника за општа и семејна медицина.

Поврзани содржини