СОФИЈА ЛУТО РЕАГИРАШЕ НА ИЗЈАВАТА НА НИКОЛОСКИ „Владата на РСМ е хистерична и провоцира“
Официјална Софија реагира на изјавата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој во вторникот во гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска-Давкова и Радев рече дека очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги.
Кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев и Министерството за надворешни работи во Софија реагираа на, како што наведуваат, навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од на функционери од Република Северна Македонија.
Бугарскиoт државен врв реагира на изјавата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој во вторникот во гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска-Давкова и Радев рече дека очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги.
- БОРИСОВ БАРА ОСТАВКА ОД ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ Македонската власт постапи подло кон претседtаелот Радев
- „НИКОЛОСКИ, ТИ СИ СЛУГА НА СРБИТЕ“ И Слави Трифонов во хајката против македонскиот вицепремиер
– Очигледно домаќинот не е цивилизиран и не е пристоен. Слободно нека пратат за ова протестна нота. Помизерни од нив се само нашиве домашни слуги, што потпишаа дека македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничка историја, а немаат, истите што потпишаа дека македонскиот јазик е дијалектна форма на бугарскиот јазик и што потпишаа дека никогаш нема да влеземе во Европската Унија ако не прифатиме дека сме Бугари и имаме бугарски корени, сега зборуваат за патриотизам. Тоа не е само мизерно, туку е дно – изјави Николоски.Кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев ја оцени изјавата на Николоски како хистерична и провокативна. Во соопштение од прес-службата на Радев се вели:
„Манипулацијата со фактите и хистеричните реакции на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака во односите со Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали. Отворениот и конструктивен дијалог, дури и на неформална средба, каква што се одржа меѓу претседателите на Бугарија и Република Северна Македонија на 13 септември, очигледно во голема мера вознемири одредени кругови во владата на Северна Македонија. За „цивилизираноста“ на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува според тоа дали таа ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе им се спротивстави, како и од способноста да ги почитува меѓународните договори и нејзината вистинска посветеност на имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во Европската унија (ЕУ). Приклучувањето кон обединета Европа бара вистинска волја, систематски напори и конкретни резултати“, се наведува во соопштението од прес-службата на претседателот Румен Радев.
Од бугарското МНР, пак, во реакцијата обвинуваат за неиспровоцирани неевропски реакции од Скопје во кои, како што велат, Софија не сака да учествува.
„Во врска со последователните навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на функционери од Република Северна Македонија, категорично одбиваме да се вклучиме во таков неевропски и неспоив со добро воспитен тон. Нашите партнери се известени за неиспровоцираните провокации, кои имаат за цел да го нарушат дијалогот. Уште еднаш потсетуваме на клучното значење на развојот на добрососедските односи за европската иднина на Република Северна Македонија“, стои во реакцијата на бугарското МНР.