НЕ БЕГАМЕ ОД ИЗМИСЛЕНА ОДГОВОРНОСТ Ахмети му возврати на Мицкоски

Лидерот на ДУИ побара заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година. 

293

Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на суверенот, одговори лидерот на ДУИ, Али Ахмети откако денеска премиерот Христијан Мицкоски ја повика партијата која сега е во опозиција, да се подготви за одговорност.

„Бараме да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, како и меѓународно мониторирана неселективна правда“, напиша Ахмети на Фејсбук.






Тој истакна дека ДУИ е подготвена граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од владата на ВМРО-ДПМНЕ, за  кој пат се, односно дека бара заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

„Демократската унија за интеграција ја доби апсолутната поддршка од граѓаните во сите изборни процеси од 2002 до 2024 година. Како резултат на изборните победи низ годините бевме во владини коалиции заедно со СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, но и со Алијансата за Албанците, Беса, Алтернатива, ДПА, додека другите експоненти беа дел од нашата одговорност во овие 22 години, во нашите заеднички коалиции. Заедно ги делевме обврските, сработеното и нестореното. ДУИ не ги смени ставовите, туку сите други ги сменија позициите во зависност од околностите, дали се со нас во коалицијата или не“, напиша Ахмети.

Поврзани содржини